Туск: Нема простор за интервенција на ЕУ околу Каталонија

Од:

Европската унија нема простор за интервенција околу состојбата во Каталонија, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, додавајќи дека тоа е внатрешно прашање на Шпанија за кое „не треба да се очекуваат формални разговори во рамките на ЕУ“.

– Не може да се сокрие фактот дека состојбата во Шпанија е загрижувачка. Но, позицијата на институциите на ЕУ и на земјите членки по ова прашање е јасна. Нема простор за каква било медитација или меѓународна иницијатива и акција, додаде вечерва Туск на прес-конференција по завршувањето на работниот дел од првиот ден на Самитот на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека односите меѓу Шпанија и Каталонија не се на агендата на ЕУ, додавајќи дека „секој има своја емоција, мислење или проценка на состојбата, но дека формално нема простор за интервенција од страна на ЕУ“.

Туск истакна и дека европските лидери се договориле да и помогнат на Италија во решавањето на проблемот со мигрантскиот прилив.

– Имаме реални шанси да ја затвориме Централномедитеранската рута. Затоа решивме земјите членки да обезбедат доволно средства за Северна Африка, а Европската комисија да гарантира разбивање на каналот за илегална миграција, рече Туск, додавајќи дека конкретни резултатаи за ова прашање би требало да се очекуваат во текот на следниве недели.

Првиот човек на Европскиот совет додаде и дека на средбата на врвот се разговарало и за т.н. лидерска агенда, која се однесува на начините за напредок во клучните области, како што се миграцијата и безбедноста, со истовремено задржување на единството во рамките на ЕУ.

– Додека сум на ова место ќе бидам чувар на европското единство. Тоа не е само моја формална улога како претседател на Европскиот совет, туку пред се мое лично убедување, потенцира Туск.

Тој информираше дека во текот на работната вечера лидерите на ЕУ разговарале и за надворешно политички прашања, како што се состојбите околу Северна Кореја, Иран и Турција, додека британската премиерка Тереза Меј ги информирала за процесот за истапување на Велика Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски