СЗО: Случајот со вакцината на АстраЗенека е повик за тревога, но не треба да обесхрабрува

Од:

Паузата што ја прави АстраЗенека со вакцината за коронавирусот откако на еден од учесниците во испитувањето се разболел, е „повик за тревога“, но тоа не треба да ги обесхрабри истражувачите, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени, рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан, на виртуелен брифинг во Женева.

– Не треба да се обесхрабруваме. Такви работи се случуваат, рече Сваминатан.

Светските влади очекуваат вакцината да помогне да се стави крај на пандемијата на Ковид-19, што предизвика повеќе од 900.000 смртни случаи и глобални економски превирања, а вакцината на АстраЗенека што се развива со универзитетот Оксфорд, СЗО ја окарактеризира како најперспективна.

Сепак, производителот на лекови оваа недела ги прекина тестовите во доцна фаза, откако учесник во Велика Британија заболел од запаление на ‘рбетот.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски