СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека речиси две недели не може да стигне до северниот дел на Појасот Газа за да достави медицински материјали.

Планираната мисија во болницата Ал Авда и уште четири други во северниот дел на Газа е откажана по четврти пат бидејќи безбедноста не може да се гарантира, објави СЗО на платформата за социјалната мрежа Х.

„Поминаа 12 дена откако последен пат успеавме да стигнеме до северниот дел на Газа“, се додава во објавата.

СЗО соопшти дека силното бомбардирање, ограниченото движење и прекинатите комуникации го направиле „речиси невозможно“ испораката на медицински материјали до изолираниот крајбрежен појас, особено на северот.

„Повеќето болници се многу недоволно вработени бидејќи здравствените работници си заминаа поради наредби за евакуација или несигурност. Во меѓувреме, пристапот на пациентите до здравствените установи е отежнат поради опасните услови“, се вели во објавата.

„Без соодветна здравствена заштита, страдањето во Газа се зголемува од час во час. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, израелската армија започна голема офанзива во Појасот Газа. Итно е потребен безбеден и непречен пристап до северниот дел на Појасот Газа, повика шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Понатамошните одложувања ќе доведат до повеќе смрт и страдање за премногу луѓе“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН