(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека кинеските власти не регистрирале никакви невообичаени или нови патогени во групи случаи на пневмонија кај децата. Пекинг го припишува порастот на болестите слични на грип на укинувањето на ограничувањата поради Ковид-19 и циркулацијата на познати патогени како што се грип, микоплазма пневмонија и слично.

СЗО побара од Кина детали за зголемувањето на респираторните заболувања и пријави кластери (помали фокуси) на пневмонија кај децата. Не е невообичаено СЗО да бара повеќе информации од земјите кога ќе се појават епидемии на одредени болести. Други земји, вклучително и Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, забележаа слично зголемување на болестите слични на грип по укинувањето на ограничувањата за пандемијата, јавува Би-Би-Си.

„Кина сега веројатно минува низ голем бран на респираторни инфекции кај децата бидејќи ова е прва зима по долгите каранти кои драстично ја намалија циркулацијата на респираторните инфекции, а со тоа и имунитетот на ендемични инфекции“, рече Франсоа Балу од Институтот за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Официјални лица од кинеската Национална здравствена комисија одржаа прес-конференција на 13 ноември за да известат за порастот на инциденцата на респираторни заболувања. На настанот не беше спомената недијагностицирана пневмонија, но еден говорник рече дека сите чувствуваат дека има зголемување на респираторните заболувања оваа година во споредба со пред три години.

Во последните денови, медиумите во градовите како Ксиан на северозапад објавија видеа од болници преполни со родители и деца кои чекаат прегледи. Некои корисници на социјалните мрежи објавија фотографии од деца кои прават домашна задача додека примаат интравенски терапии во болница.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски