Стотици убиени во операција за преземање на град под контрола на Боко Харам

Од:

Стотици лица беа убиени во операцијата на армијата на Чад во североисточниот нигерски град Диква, кој беше под контрола на исламистичката групација Боко Харам, изјавија воени претставници.

Екстремистите оставиле зад себе стотици жртви во Диква, пред вчера да избегаат од градот по настапувањето на чадските војници.

Еден чадски војник е убиен, а 34 се ранети, изјави портпаролот на армијата на соседна Нигерија.

Нигериската армија вчера го спречила нападот на Боко Харам врз градот Кондуга, во североисточниот дел на земјата. Убиени се 70 борци на исламистичката групација.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска