Сијарто: Европската безбедност започнува во Африка

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто денеска во Брисел изјави дека треба да се вложат напори во стабилизација на политичката и економската состојба во Африка, за да се отстранат причините за миграцијата.

Тој наведе дека Унгарија го поддржува насочувањето на економската и инвестициската политика на Унијата кон африканските земји.

– Европската безбедност почнува во Африка, нагласи унгарскиот министер за надворешни работи.

Спред него, на пат кон Европа се движат десетици милиони лица од Африка, кој сакаат побезбеден и подобар живот.

– Кога станува збор за програмите на ЕУ за Африка, од клучно значење е да се воведат строги задолжителни услови поврзани со финансирањето, констатираше Сијарто.

Тој додаде дека не сака да станат земја на мигранти, туку дека сака да се заштитат.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он