Си-Ен-Ен се извини на Владимир Путин поради грешка во прилогот за Џихадистот Џон

Од:

Американската телевизија Си-Ен-Ен упати извинување до рускиот претседател Владимир Путин поради објавување на негова фотографија заедно со прилогот за идентитетот на маскираниот џихадист на ИД, познат како „Џихадистот Џон“.

Си-Ен-Ен се извини на рускиот претседател поради поврзување со Џихадистот Џон, Британецот за кого постои сомнеж дека учествувал во егзекутирање на голем број лица заробени од групата ИД.

Во четвртата минута од прилогот на новинарот Макс Фостер, од редакцијата на Си-Ен-Ен во Лондон, за идентитетот на Џихадистот Џон, фотографијата заедно со прилогот за маскиран маж со нож е заменета со слика од рускиот претседател Валдимир Путин.

Си-Ен-Ен објави дека станува збор за техничка грешка.

– Поради грешка на видео серверот за време на емитувањето на денешните вести, фотографијата на Владимир Путин што била подготвувана за следниот прилог, ненадејно е објавена на екранот. Се извинуваме поради грешката, изјави портпаролот на телевизијата.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Си-Ен-Ен најави отпуштања на вработените

Ана Ололовска

Претседателот на Си-ен-ен поднесе оставка

А1он

Си -Ен -Ен отпушти тројца работници оти оделе на работа невакцинирани

Аманпур се извини поради паралелата меѓу власта на Трамп и нацистите

Жарко Настоски

Си-Ен-Ен одзема две награди на германски новинар од „Шпигел“ кој ги фалсификувал своите статии

Ана Ололовска