Русите ја спасуваат ЕУ: Стигна експресен одговор на „понудата која не се пропушта“

Од:

По понудата на Москва да му помогне на официјален Брисел, кој е на тенок мраз поради ограничените количини на вакцини против коронавирусот, пристигнуваат сигнали од ЕУ.

Денеска од Москва пристигна понуда од компанијата што стои зад руската вакцина против коронавирус, да испрати во ЕУ 100 милиони дози вакцина „Спутник В“ во текот на вториот квартал од годинава.

По понудата од Москва, одговори германскиот институт „Пол Ерлих“, од каде беше објавено дека веќе се во контакт со Русија во врска со регистрацијата на вакцината „Спутник В“ во Европската унија.

Брисел веќе со денови има огромни проблеми при вакцинирањето на населението на Унијата, поради доцнењето на претходно договорените испораки на вакцини од западните производители, а деновиве е посебно актуелен случајот со компанијата „АстраЗенека“.

Иако и натаму не е соопштен официјален став за конечна одлука на Европската комисија, познавачите коментираат дека ралноста не дозволува одолговлекување на ситуацијата.

Поради застојот во испораката на вакцините, две земји, членки на ЕУ, полека почнуваат да размислуваат за свртување кон други пазари за набавка – Русија, но и Кина.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, одамна го искажа својот став, што го потврди и денес. Тој рече дека неговата земја може да потпише договор за набавка на кинески вакцини денеска или утре, додека руската „Спутник В“ е веќе набавена, минатата недела.

Сега и Хрватска влегува во приказната за набавка на руската вакцина во земјите на ЕУ. Според регионалните медиуми, официјален Загреб размислува за набавка на руската вакцина, поради доцнењето на веќе направените нарачки од други производители.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија