Русија: Во моментов нема основа за мировни преговори

Од:

„Во моментов нема основа за средба меѓу рускиот и украинскиот лидер“, соопшти денеска Кремљ.

Запрашан за предлогот на Турција да посредува во мировните преговори, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Владимир Путин и Володимир Зеленски би можеле да се сретнат само откако и двајцата ќе ја „завршат својата домашна задача“.

Преговорите меѓу Москва и Киев се во застој со месеци, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за ситуацијата. Кремљ ги повика и западните земји да извршат притисок врз Украина да престане да ја гранатира нуклеарната централа Запорожје. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за напади врз најголемата европска нуклеарна централа, која е под контрола на руските сили.

Би можело да ве интересира

Украинците тврдат: Имаме доказ дека Русите ја кренаa во воздух браната во Херсон

Руските војници се жалат: „Избришани се цели полкови“

Горан Наумовски

Гладков: Соборивме цели над Белгород

Горан Наумовски

Зеленски: Евакуираме луѓе од поплавените подрачја, Русите гранатираат и евакуациони места

Горан Наумовски

Пригожин повторно се заканува, тврди дека ќе оди до Москва: „Ви давам две недели или ние тргнуваме“

Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од поплавените подрачја во областа Херсон