Пронајдено 61 тело на жртви од бродоломот во Малезија

Од:

Малезиските спасувачи пронајдоа 61 тело на Индонезијци кои се удавиле минатата недела откако потона дрвен брод на западот на Малезија, соопштија денеска поморските власти.

Спасувачите во петокот попладне пронајдоа еден преживеан кој минал цел ден во вода и бил во rелативно добра здравствена состојба.

Операцијата за потрегата по настраданите ќе продолжи и во следните два дена, после информацијата дека на бродот имало околу 80 лица.

Властите наведоа дека  пренатрупаниот дрвен чамец се превртел и потонал во бурното море на околу 16 километри од брегот на централната малезиска држава Селандгор во четвртокот рано изутрина.

Се верува дека бродот ги враќал работниците на индонезискиот остров Суматра.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал