Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Од:

Кривичното дело не е поврзано со несреќата во Република Бугарија, туку за работењето на правното лице „Беса Транс“, кажа Асмир Алиспахиќ, адвокат на сопственикот на компанијата, по изрекувањето на пресудата. Тој вели дека не може да опстои пресудата со која Беким Хаџиу доби една година и осум месеци затвор, парична казна од 800.000 денари и четиригодишна забрана за превезување патници, со став дека судот не го покажал лажниот документ, ниту пак покажал вешт наод и мислење, поради што е убеден дека пресудата не може да опстои и најави жалба.

„За да се исполни битието на ова кривично дело фалсификување исправа, не само што е потребен материјален доказ, а тоа е вешт наод и мислење, напротив, треба да се исполнат и субјективните дејствија кои наводно ги преземале и правното лице и Беким Хаџиу. Во конкретната ситуација тоа отсуствува од причина што таа лажна исправа ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. И сведоците и претставниците од Царинската управа и од Министерството за транспорт и врски потврдија дека правното лице во целост ги исполнувало условите за патување во домашни рамки, а и надвор од нашата држава. Од тука се поставува прашањето зошто воопшто се влегува и се поднесува вакво обвинение кога не може да се исполни битието на кривичното дело, на она што го потенцираше и судијата, а тоа е кривично дело фалсификување на исправа. Основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа употребена како вистинска. Во конкретната ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Јас сум убеден, како правник и како адвокат на Бедри Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретната ситуација“, рече адвокатот Алиспахиќ.

Тој тврди дека одбраната уште во самиот почеток кажала дека ова кривично дело не е воопшто поврзано со несреќата во Република Бугарија туку е исклучиво кривично дело во делот на работењето на правното лице „Беса транс“.

„Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако казната е предвидена од една до пет години, како казна затвор, сметам дека во конкретната ситуација, е превисоко одмерена. Не само во делот на постоење на кривично дело. Теоријата на одбраната ја знаете од самиот почеток и таа ќе биде презентирана пред повисоките судови“, најави адвокатот Алиспахиќ.

Би можело да ве интересира

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот

Кривичен суд: Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај МВР

Горан Наумовски

Маж од Студеничани му се заканувал на адвокат, од полицијата велат ќе заработи пријава

Горан Наумовски