Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

Од:

Обвинителката Искра Хаџи Василева по денешното рочиште во судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов изјави дека сведочењата на неговите родители не се поткрепени со останатите материјални и други обезбедени докази.

Одговарајќи на новинарско прашање за сведочењето на родителите на Ристов, Хаџи Василева рече дека Обвинителството немало причина да ги предложи како сведоци.

– Обвинителството со овие сведоци воопшто немаше поента и токму затоа не ги предложи, одговори таа.

Според неа, родителите сведочеле за одредени настани и факти, но тие, како што посочи, не наоѓаат поткрепа во останатите материјални и други обезбедени докази.

– Но, повторувам, тоа се родители. Таму маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете, рече Хаџи Василева.

Во однос на последниот сведок, вработен во МВР – Неготино, обвинителката оцени дека за Обвинителството е изненадување што одбраната го предложила токму него.

– Тоа е полициски службеник кој постапувал единствено како кримтехничар. Забележливо е што одбраната воопшто не ги побара да сведочат оние полициски службеници кои раководеле со претресот и кои го изготвиле она што е суштина на материјалот од тоа дејствие. Нив одбраната не ги предложи, го предложи овој сведок, рече Хаџи Василева.

Таа додаде дека сведокот објаснил сè што знаел, видел и на што бил сведок при увидот во просторијата, но оти Обвинителството не слушнало релевантен доказен капацитет со кој би се побила обвинителната теза или би се докажало нешто во прилог на одбраната.

Би можело да ве интересира

Трагите на ливчињата најдени меѓу банкнотите во ѕидот се на мајката на Ѓоко Ристов, сведочеше вештак на одбраната

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Случај „Ѓоко Ристов“: Обвинителството најави анализа на кредибилитет на сведокот Фехми Стафа, одбраната бара одговори за доказите

Осудениот адвокат Фехми Стафа вели дека не дал поткуп во ниту еден предмет на судијата Ѓоко Ристов

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он