Претседателот на Габон ќе го предаде наследството од татко му на државата

Од:

Претседателот на Габон, Али Бонго соопшти дека сите пари од наследството, од неговиот татко ќе и го предаде на државата, на младите од земјата, за што ќе се создаде посебна фондација.

Во говорот што го одржа во главниот град Либервил, по повод 55 годишнината од независноста на оваа земја во Западна Африка, Бонго рече дека верува оти со оваа одлука „сигурно би се согласил„ и неговиот покоен татко, поранешен долгогодишен претседател на Габон.

Тој објасни дека семејството Бонго ќе се откаже од една зграда во главниот град, за да се пренамени во универзитетски центар.

Неговиот татко, Омар Бонго цели 41 година владееше со земјата, се до својата смрт во 2009 година и во тие четири децении, се верува дека има стекнато милионско богатство.

Имотот, што се состои, главно, од 39 скапи станови и куќи во Париз, неговата околина и на француската ривиера, како и од колекција од десет скапи автомобили, честопати изминатите години е ставен под истрага, затоа што се сомнева дека е стекнат со корупција и грабеж на државните фондови.

Спроведени се повеќе истраги за времето на Омар Бонго и за негововото богатство, а последната истрага, што ја иницираше Транспаренси Интернешенел, беше покрената во 2010 година.

Габон е производител на нафта, но според податоците на Светска Банка, една третина од населението на земјата. живее во сиромаштија.

Актуелниот претседател Али Бонго, на власт е од 2009 година и тој е само третиот претседател на земјата, од 1960 година, откако земјата не е повеќе колонија.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Армијата во Габон ја презеде власта, претседателот заврши во домашен притвор

ВИДЕО: Државен удар во Габон, армијата ги затвори границите и ги распушти институциите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска