Армијата во Габон ја презеде власта, претседателот заврши во домашен притвор

Од:

Претседателот на Габон Али Бонго е во домашен притвор, соопштија денеска габонските офицери на националната телевизија, неколку часа откако војниците објавија дека ја презеле власта, пренесува Ројтерс. Група високи воени офицери во Габон соопштија дека ја презеле власта во раните утрински часови, неколку минути откако изборната комисија објави дека Али Бонго освоил трет мандат.

Офицерите, тврдејќи дека ги претставуваат вооружените сили, објавија на телевизија дека резултатите од изборите се поништени, границите затворени и државните институции распуштени, по тензичното гласање без меѓународни набљудувачи што требаше да го продолжи повеќе од половина век владеење на семејството Бонго.

Стотици луѓе во земјата ја прославија воената интервенција, додека меѓународната заедница – вклучително и Франција, поранешниот колонијален владетел на Габон, кој има војници стационирани во африканската земја – го осуди пучот. Франција го осудува државниот удар во Габон и сака да се почитуваат изборните резултати, изјави портпаролот на француската влада Оливие Веран.

Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Габон, изјави во средата шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, додавајќи дека државниот удар, доколку биде потврден, ќе ја зголеми нестабилноста во регионот.

„Ако се потврди, тоа е уште еден воен удар што ја зголемува нестабилноста во целиот регион“, изјави Борел на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Толедо.

„Целиот регион, почнувајќи од Централноафриканската Република, потоа Мали, Буркина Фасо, сега Нигер, можеби Габон, е во многу тешка ситуација и министрите секако… мора добро да размислат што се случува таму и како можат да се подобри нашата политика кон овие земји“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Државен удар во Габон, армијата ги затвори границите и ги распушти институциите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Армијата изврши државен удар во Нигер

Америка стои зад неуспешниот пуч во Турција, обвини министерот за полиција Сулејман Сојлу

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Мјанмар: Во преден план час по фитнес, во позадина – воен удар

Жарко Настоски

Вашингтон го осуди пучот во Мјанмар: Директен напад врз владеењето на правото

Жарко Настоски

Турски суд осуди на доживотен затвор дел од обвинетите за обидот за воен удар

Жарко Настоски