Петмина нигериски војници и над 15 борци на Боко Харам се убиени при напад на исламистичката група врз воена база во североисточниот дел на Нигерија, изјави портпарол на армијата.
Нападот бил извршен доцна вечерта во саботата во Буни Јади, во нигериската држава Јобе.
Околу 15.000 луѓе се убиени, а над два милиона се принудени да ги напуштат своите домови, откако Боко Харам пред седум години започна вооружена борба за создавање исламистичка држава во североисточниот дел на Нигерија.
Минатиот месец нигериската армија соопшти дека преземала важен камп на екстремистите во шумата Самбиса, а оттогаш Боко Харам изврши неколку самоубиствени напади во Нигерија.