Потешко ќе се дојде до база на Месечината отколку што првично се мислеше

Од:

Постојана база на Месечината претставува сон на многумина научници, бидејќи ќе таа може да биде отскочна даска за нови истражувања на вселената и мисиите кон Марс, но новото пребројување на кратерите на Месечината покажува дека таа е многу посурово место отколку што првично се мислеше.

Со детална анализа на површината на Месечината, научниците откриле дека постојат околу 30 отсто повеќе нови кратери отколку што предивидуваа претходните модели. А, освен тоа, откриени се повеќе од 47.000 ситни промени на површината што се нарекуваат дамки. Тие најверојатно се предизвикани од ситни удари, а повеќе ги има околу местата на удар на поголемите метеорити, што укажува на тоа дека веројатно се предизвикани од материјал што го исфрлил првиот удар.

Стручњаците пресметале и дека 99 отсто од површината на Месечината би била изменета од тие  ситни удари по 81.000 година, што е 100 пати побрзо отколку што претходно се претпоставувало, бидејќи моделите во предвид ги земале само примарните удари, а ги игнорирале последиците од промената на површината настанати со секундарните удари.

НАСА наведува дека овие промени на горниот слој на површината на Месечината (од неколку сантиметри) ќе бидат исклучително важни кај идниот дизајн на базата на Месечината. Материјалите од кои таа ќе се гради ќе мора да издржат удари на ситни честички, што летаат со брзина од 500 метри во секунда или 1.800 километри на час.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он