Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Од:

САД им порачаа на своите сојузници дека Русија оваа година би можела да испрати нуклеарно оружје во вселената, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Русија наводно развива технологија која може да уништи сателити со нуклеарно оружје, што би го прекршило Договорот за вселената од 1967 година, пишува порталот. Портпаролите на Белата куќа одбија да го коментираат извештајот на Блумберг.

Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Кремљ развива антисателитско вселенско оружје што не претставува директна закана за човечкиот живот.

Рускиот претседател Владимир Путин, од друга страна, ги отфрли ваквите обвинувања.

„Отсекогаш сме биле категорично против и сега сме против распоредувањето нуклеарно оружје во вселената“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија го прави „само она што другите земји, вклучително и САД, го прават во вселената“.

Би можело да ве интересира

Извештај: Американците се подготвувале за нуклеарен напад од Русија

Предраг Петровиќ

Русија може да користи нуклеарно оружје полесно отколку што се мисли

Путин: Не сакаме нуклеарно оружје во вселената

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ