Извештај: Американците се подготвувале за нуклеарен напад од Русија

Од:

Иако на почетокот на руската инвазија на Украина немаше докази дека Русите се подготвуваат за нуклеарен напад, зајакнувањето на Украина и нивното потиснување на руските сили ја свртеа ситуацијата.

Шокантен нов извештај открива дека американската администрација се подготвувала за непосредна можност за руски нуклеарен напад врз Украина.

ЦИА уште во 2022 година го предупреди претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, дека има 50 и повеќе проценти шанси Русија да употреби нуклеарно оружје доколку утврди дека незаконски анектираниот регион Крим е во опасност или дека силите се десеткувани.

Според порталот New York Post, Бајден претходно предупредил за можноста од нуклеарен напад.

„Тој (Владимир Путин) не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје или биолошко и хемиско оружје, бидејќи неговата војска е, може да се каже, значително ослабната“, рече Бајден.

На почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, американските разузнавачи тврдеа дека нема докази дека Русија планира нуклеарен напад за масовно уништување, но работите почнуваат да се менуваат поради контранападот на Украина. Украинците почнаа да ги „стискаат“ Русите, па се погласни се шпекулациите за употреба на нуклеарно оружје.

Путин минатиот месец се закани дека оружјето што го поседува Русија може да погоди цели во западните земји, доколку директно интервенираат во војната, која, како што кажа и самиот Путин, може да заврши со „уништување на цивилизацијата“.

Би можело да ве интересира

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“