Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

Од:

Северна Кореја спроведе тестирање на подводен систем за нуклеарно оружје во знак на протест против заедничките поморски воени вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија кои се одржаа претходно оваа недела, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Името кое Северна Кореја го даде на своите нуклеарни подводни напаѓачки беспилотни системи е „Haeil-5-23“, а тестот го спроведе истражувачкиот центар на министерството за одбрана во водите на источниот брег на Северна Кореја, според медиумски извештај, додека датумот на тестирањето не е објавен.

„Различни поморски и подводни акции за одговор ќе продолжат да ги одвраќаат непријателските воени маневри на американската морнарица и нејзините сојузници“, изјавиле од севернокорејското министерство за одбрана, а пренесува КЦНА.

Морнарицата на Јужна Кореја, заедно со САД и Јапонија оваа недела одржаа тридневни заеднички вежби кои завршија во средата како дел од напорите да ги подобрат нивните одговори на заканите од нуклеарно оружје на Пјонгјанг, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје