Поранешниот шеф на руската дипломатија Андреј Козирев ги повика руските дипломати на бојкот на политиката на Путин

Од:

„Ги повикувам сите руски дипломати да поднесат оставки во знак на протест поради војната во Украина“, напиша Козирев на Твитер.

„Вие, руските дипломати, сте професионалци, а не евтини пропагандисти. Додека работев во МНР бев горд на моите колеги. Сега едноставно не можете да ја поддржите крвавата братоубиствена војна во Украина. Навистина е време да престанете да зборувате и да дејствувате посилно! Главниот здравствен проблем на рускиот владетел и неговите соработници е лудото чувство на неказнивост, потхранувано од годините на западно смирување на страстите. Потребна е одлучна акција СЕГА, бидејќи во Украина се убиваат деца!“, се навеудва во изјавата на поранешниот висок руски дипломат.

Во првичната реакција на неговиот твит, пристигната од руското Министерството за надворешни работи, што ја пренесе Тасс, поранешниот прв дипломат се оценува за предавник.

„Козирев отсекогаш бил поврзуван со предавство во Министерството за надворешни работи во Москва“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на извор во министерството.

Козирев беше шеф на руската дипломатија од октомври 1990 година до јануари 1996 година, во времето на владеењето на Борис Елцин.

Изворот од руското МНР наведува дека „за 20 години од воведувањето на Денот на дипломите, тимот на министерството никогаш не му честитал на поранешниот шеф бидејќи неговото име станало синоним за „козиревштина и синоним за предавство“.

Неговиот наследник, Евгениј Примаков, министерството го затекна „во критична состојба“, наведува изворот од руското МНР.

Козирев подолго време живее во странство и долго време се занимава со „антируска субверзивна работа“. Тој ја доби својата награда за тоа и „на неговите триесет сребрени монети се натрупа камата“, додава изворот за руската државна агенција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски