Полицијата на Хонгконг ја оправдува употребата на оружје

Од:

Полицијата во Хонгконг го оправда денеска тоа што нејзините припадници употребиле оружје и испукале предупредувачки куршуми за време на антивладините протести изминатиот викенд, а пратениците на власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваа кој е одговорен за насилството.

Помошник комесарот на полицијата Мак Чин Хо изјави дека еден полицаец пукал во воздух, додека шестмина ги држеле пиштолите откако демонстрантите повеќе пати ги нападнале со железни прачки, долги палки и сообраќајни знаци.

– Полициската употреба на сила навистина беше неопходна и разумна, истакна Мак на прес-конференција.

Провладините пратеници ги осудија постапките на демонстрантите кои ги блокираа улиците, фрлаа молотови коктели и ги напаѓаа полицајците.

Продемократските членови на Парламентот, пак, сметаат дека владата и полицијата треба да преземат одговорност, и тоа властите поради законот за екстрадиција кој предизвика протести, а полицијата поради селективна примена на законот, чија цел се противниците на Владата.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг