Новогодишни протести во Хонгконг

Од:

Во Хонгконг денеска почна организирање на новогодишни собири, на кои се повикуваат граѓаните да не се откажат од борбата за демократија во 2020 година, а се очекува на денешните протести да учествуваат повеќе десетици илјади луѓе.

Во повикот, кој се појави на социјалните мрежи, се повикуваат учесниците да носат маски на кои пишува „Не ја заборавајте 2019, издржете во 2020“.

– Иако протестираме толку долго, Владата и понатаму одбива да не слуша. Ако не се придружиме на протестите, тогаш ќе им бидеме должни на нашите пријатели кои се уапсени, изјави еден од учесниците на протестот.

Организаторот на протестот Фронт за граѓански човекови права процени дека на големите собири на почетокот од овој месец учествувале 800.000 лица.

– Треба да ја покажаме нашата солидарност, да и дадеме отпор на Владата. Се надеваме дека народот ќе излезе на улиците на Хонгконг поради иднината, истакна лидерот на групата Џими Шам.

Во новогодишната порака лидерката на Хонгконг, Кери Лам нагласи дека повеќемесечните немири во азискиот финансиски центар предизвикале тага, анксиозност, разочарување и гнев.

– Да ја започнеме 2020 со нова резолуција и повторно да воспоставиме ред и хармонија во општеството, додаде Лам.

За време на новогодишните празници полицијата во Хонгконг ќе распореди 6.000 припадници. Од почетокот на протестите во јуни, полицијата соопшти дека уапсила 6.500 демонстранти.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

ВИДЕО: Судири на полицијата и демонстрантите во трговски центри во Хонгконг