Почина дете откако мина осум часа во врел автомобил

Од:

Четиринаесетмесечно девојче почина откако нејзината баба (54) осум часа ја остави без надзор во врел автомобил во Њујорк, пишува ABC.

Бабата заборавила да го остави детето водневен престој во Смиттаун, Лонг Ајленд па си отишла на работа. Таа го оставила девојчето на седиштето во автомобилот, соопшти полицијата на округот Сафолк.

Осум часа подоцна, бабата отишла да го земе девојчето од градинка, но набрзо сфатила дека го оставила во автомобилот, соопшти полицијата. Девојчето било пренесено во болница, каде била констатирана смрт. Истрагата е во тек, а не е поднесена кривична пријава.

Во САД, околу 40 деца годишно умираат од топлотен удар откако ќе бидат оставени во автомобил, според американското Министерство за транспорт. Повеќето случаи се случуваат кога родителот или старателот забораваат дека детето е во возилото.

Температурата во Смиттаун во понеделникот беше 28 степени Целзиусови, што значи дека температурата во автомобилот била многу повисока.

Би можело да ве интересира

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Падна возило во река во Прилеп – спасени две лица

А1он

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел-автомобили што испуштаат јаглерод

(ВИДЕО) Девојче почина во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа

Повреден возач откако излетал со автомобилот од пат