ВИДЕО: Најбрзата баба на светот-на 83 години се трка со ламборџини

Од:

Соња М. Хајнигер има 83 години и би можела да ужива во пензионeрските денови на плажа. Сепак, таа одлучи наместо тоа да учествува на автомобилски трки во Италија.

Хајнигер има компанија за интернет услуги во Швајцарија, а од 2005 година е редовна на трките на Porsche Club во Цирих. Таа е горда сопственичка на светло зелен модел Porsche 911 GT3 RS, а неодамна го возеше во Имола и Монца.

Неодамна, на Reddit беше споделено видео од Lamborghini Gallardo Super Trofeo Stradale како вози во Монца, снимено на почетокот на 2022 година.

Веројатно повеќето од преостанатите модели на Gallardo STS „одмараат“ во гаражи, но не и ова – Хајнигер реши да го „гази“ автомобилот до крај, тестирајќи до каде може да стигне 5,2-литарскиот V10 мотор.

Од сите варијанти на моделот Lamborghini Gallardo претставени во текот на десетгодишното производство, Super Trofeo Stradale е секако една од најпосакуваните.

Инспириран е од тркачкиот автомобил Blancpain Super Trofeo и се издвојува од помалите модели Gallardo со висок заден дел, ревидиран преден дел и светло црвена завршница.

Би можело да ве интересира

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Македонска премиера на „Skoda Enyaq“: Емотивен, ефикасен и електрифициран

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Почина дете откако мина осум часа во врел автомобил

Горан Наумовски