Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Од:

Малолетник од Тетово украл автомобил и бегајќи удрил и во друго возило. Полицијата успеала да го пронајде и приведе.

„ На 16.04.2024 во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово.“ велат од МВР.

Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото