По десетгодишна пауза во Талин се одржа геј парада, каде учествуваа околу 1.800 лица.
Парадата заврши без инциденти.
На претходната геј парада, во 2007 година учесниците беа каменувани и нападнати со тупаници од страна на минувачите.
Во 2014 година Естонија усвои закон за соживотот, кој воведува граѓанското партнерство за луѓето од еден пол.
Законот е во сила од 1 јануари 2016 година, но се уште не се применува целосно, бидејќи треба да се усвојат уште десетици мерки.