(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Од:

Грција станува 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но Грција стана првата земја со мнозински дел православно население која ги легализираше истополовите бракови.

Грчките парламентарци со 176 гласа „за“, од вкупно 300 места во парламентот го донесоа законот. За гласаа и пратеници од левицата и конзервативци. Двајца пратеници беа воздржани, а 46 пратеници не присуствуваа на седницата.

Со новиот закон, хомосексуалните брачни двојки добиваат исти права и обврски како и хетеросексуалните. Оваа одлука на грчките власти значи дека отсега на истополовите парови ќе им биде дозволено и да посвојуваат деца.

Двата партнера/партнерки добиваат старателско право, иако детето биолошки потекнува од само еден од партнерите. Сепак, на хомосексуалните двојки и натаму им е забрането добивање деца со помош на сурогат мајки.

„Луѓето кои беа невидливи околу нас конечно ќе станат видливи, а со нив многу деца конечно ќе си го пронајдат вистинското место“, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во текот на парламентарната дебата. Министрите од неговата владејачка централно-десничарска партија се спротивставија на усвојувањето на законот, Законот ја подели и земјата, а жесток отпор имаше и од грчката православна црква.

Реформата немаше да помине без поддршката на Сириза, главната опозициска левичарска партија предводена од Стефанос Каселакис, првиот геј политички лидер во Грција и други помали групи.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе.

Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со неговиот партнер Тејлор Макбет, преку социјалните мрежи соопшти дека ќе присуствува на најавената забава за легализацијата на истополовите бракови, коментирајќи дека тоа „не е мислење, тоа е нашиот живот“.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе