Исламистички борци од групата Боко Харам, користејќи моторни чамци за да го преминат езерото Чад од правец на Нигерија, денеска го извршија првиот напад во Чад, при што загинаа пет лица, соопшти извор од локалните безбедносни сили.
Бунтовниците рано изутринава истовремено го нападнале селото Нгубуа и воен камп на брегот на езерото од страната на Чад. Езерото граничи и со Нигер и со Нигерија.
Во нападот биле убиени четворица цивили и еден војник.