Пет арапски земји се договорија да се борат против „Исламска држава“

Од:

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Јордан се договорија да се борат против џихадистите од групацијата „Исламска држава“ со аргумент дека тие се закана за безбедноста и стабилноста на регионот и светот.

Во изјавата по министерскиот состанок во западниот саудиски град Џеда, учесниците соопштија дека разговарале за ширењето на терористичката и есктремистичката идеологија и немирите во некои арапски земји, имајќи ги предвид нападите на џихадистите во Ирак и Сирија.

Тие исто така ги разгледале и тешките последици за земјите од регионот и заканата, која џихадистите ја претставуваат за светскиот мир и безбедност, се наведува во заедничката декларација.

Резултатите од средбата ќе им бидат соопштени и на другите членови на Арапска лига, во која членуваат 22 земји.

Во меѓувреме новиот ирачки премиер Хајдер ал Абади и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф разговараа денеска во Багдад за потребата од меѓународни напори за справување со „Исламска држава“.

Кабинетот на Ал Абади соопшти дека премиерот ја потенцирал опасноста, која „Исламска држава“ ја претставува за регионот и потребата од меѓународна интервенција за нејзино уништување.

– Враќањето на стабилноста и безбедноста во Ирак е приориет за иранската надворешна политика, нагласи Џавад Зариф на заедничката прес-конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија