Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица.

Во објавата на Truth Social, Трамп се осврна на, како што рече, „дрскиот“ напад со беспилотно летало во Јордан во саботата.

„Нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски воени лица и многу други беа повредени, означува ужасен ден за Америка. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејствата на храбрите војници што ги загубивме“, напиша Трамп.

„Ги замолувам сите Американци да ми се придружат во молитвата за ранетите. Овој дрзок напад врз Соединетите држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден…“, продолжи тој.

Во посебна изјава објавена од кампањата на Трамп во неделата, поранешниот претседател го пофали неговото однесување со Иран додека беше во Белата куќа.

„Пред три години Иран беше слаб, банкротиран и целосно под контрола. Благодарение на мојата политика на максимален притисок, иранскиот режим едвај собра два долари за да ги финансира своите терористички сојузници“, напиша Трамп. „Потоа дојде Џо Бајден и му даде на Иран милијарди долари, кои режимот ги искористи за да шири крвопролевање и масакр низ Блискиот Исток.

Напади врз американските војници на Блискиот исток се случуваа повремено во мандатот на Трамп, вклучително и во 2020 година, кога во ракетен напад врз воздухопловна база во Ирак загинаа двајца Американци и еден британски државјанин. Во нападот беа ранети и повеќе од 11 лица.

Трамп постојано го обвинуваше Бајден дека е „слаб лидер“ и тврди дека другите светски конфликти се поврзани со светската перцепција за претседателот и за САД како слаби.

„Овој напад никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас поддржан од Иран, никогаш немаше да се случи војната во Украина и сега ќе имавме светски мир. Наместо тоа, ние на работ на Трета светска војна…“, напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Трамп најави: Средба на Русите и Украинците во Минхен

Трамп воведува реципрочни царини за сите земји во светот