Мицкоски: Кукавички обид за атентат врз Трамп

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов мандат Донал Трамп.

– Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп. Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување. Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ, се вели во објавата на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он