Пентагон стравува од ласери кои би можеле да ги нападнат американските сателити

Од:

Новиот извештај на Пентагон за закани во вселената предупредува дека Кина и Русија се способни да ја загрозат извонредната позиција на САД, вклучувајќи ги и ласерите кои би можеле да ги нападнат и уништат американските сателити.

„Кина и Русија развиваат различни средства за да ја оспорат позицијата на САД во вселената“, се вели во извештајот на Aгенцијата за воено разузнавање.

Извештајот, објавен во понеделникот, е насловен како ,,Предизвици за безбедноста во вселената” и ги испитува способностите на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.

Американските сателити играат важна улога во сè, од навигацијата, таргетирањето на оружје и собирањето разузнавачки информации, вклучувајќи ги и контрола на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја и следењето на воената активност на Русија и Кина.Тие, исто така, располагаат со сензори вклучени во откривањето на непријателските проектили.

Извештајот доаѓа откако кинеската влада се повеќе ја засилува својата вселенска програма, станувајќи прва нација која што во јануари слета на најодалечената страна на месечината. Растот на способностите на Кина во вселената и потребата да се заштитат американските сателити биле наведени од страна на администрацијата на Трамп како причина зошто на САД им требаат вселенски сили.

Министерството за надворешни работи на Кина допрва треба да одговори на новиот извештај на САД.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени