Патници од индонезиски брод скокале во море додека се чекала дозвола за закотвување

Од:

Неколку патници на индонезискиот брод „Ламбел“ скокнаа во морето и отпливаа до брегот, откако властите се обидоа да го блокираат неговото закотвување од страв од сомнителни случаи на коронавирус.

Бродот што патувал преку индонезискиот остров Борнео и островот Сулавези беше блокиран при обидот да се закотви во пристаништето Маумере на островот Флорес, поради стравувањата дека тројца членови на екипажот се заразени со коронавирус.

Патниците со појаси за спасување отпливале до брегот, додека властите расправале дали да му дозволат на бродот да се закотви.

Претставник на Министерството за транспорт упати апел до патниците да се однесуваат во согласност со здравствениот протокол и да се воздржат од која било активност што би можела да биде штетна.

На бродот се наоѓаат 255 патници, претежно работници кои се враќале дома од Малезија.

Во Индонезија се потврдени 2.956 случаи на заразени со коронавирус и 240 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Пресуда за филмското бегство од Идризово – Три години затвор за командирот, затворски казни и за полицајците

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

(ВИДЕО) A1он во Идризово: Бегствo од затворот – Тунелот пропадна, но не и обидите

Анита Петровска Рајковиќ

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски

Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Ана Ололовска