Дваесет и една ученичка од градот Чибок во Нигерија, кои беа киднапирани од милитантната исламистичка група Боко Харам, се ослободени, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на свој извор во владата во Абуџа.
Изворот, кој настојувал да остане анонимен, е означен како висок владин функционер, но засега нема официјална потврда од нигериската Влада за ослободување на дел од грабнатите ученички.
Ова не е првпат да се јавува дека ученичките се ослободени, но ваквите соопштенија подоцна беа орфрлани како неточни.
Во април 2014 година вооружените исламисти од Боко Харам од училиштето во Чибок грабнаа околу 250 ученички и ги одведоа во непознат правец.
Поранешниот и сегашниот нигериски претседател ветуваа брзо ослободување на девојчињата, чие грабнување предизвика општа осуда во меѓународната јавност, но главнината од киднапираните девјчиња и натаму се во исчезнати.
Гневните родители на девојчињата досега најавуваа дека сите биле приморани да преминат во Ислам, а дел од нив натерани да се омажат за припадници на Боко Харам.
Медиумите во Нигерија открија дека дел од девојчињата веќе станале и мајки.
Владиниот функционер за Би-Би-Си не открива како биле ослободени ученичките и кога , но се верува дека сега се наоѓаат кај безбедносните служби во градот Маидугури во североисточна Нигерија.