Камерунската војска заедно со силите на други држави ослободија германски државјанин, кој беше киднапиран од нигериската група „Боко харам“ пред околу шест месеци, соопштија властите.
– Во специјалната операција на камерунските вооружени сили и безбедносните служби на сојузнички земји синоќа беше ослободен германскиот државјанин Нич Еберхард Роберт, кој беше киднапиран во Нигерија од „Боко харам“ во јули 2014 година, соопшти државното раководство на Камерун.
Не се откриени повеќе детали за операцијата, ниту за околностите под кои е киднапиран Германецот. Припадниците на „Боко харам“ често ја преминуваат нигериско-камерунската граница со цел да извршат напади.