Од рак боледуваат шест јужноамерикански лидери

Од:

Од рак боледуваат Чавез, Русеф, Кирхнер, Лула да Силва и Луго, како и колумбискиот претседател Сантос.

Јужноамериканските водачи, во кратко време, еден по друг се разболуваа од злокобната болест.

Во медиумите досега најмногу се експлоатираше борбата со болеста на венецуелскиот претседател Уго Чавез. Од канцер заболе во 2011 година, но точни податоци за текот на болеста никогаш не се објавени во јавноста. Се шпекулира дека два пати е опериран на Куба, а во јуни изјави дека конечно е добро и може да продолжи да живее и да се бори за својата земја.

Првата жена претседател на Бразил, Дилма Русеф, во 2009 г. и е дијагностициран рак на лимфни јазли. Нејзиниот претходник Лула да Силва, заболе од тумор на грло, и после хемотерапијата се чувствува подобро.

На аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Кирхнер, минатата година на Бадник, во текот на рутинска контрола дијагностициран е рак на штитната жлезда. Откако е оперирана во јануари, востановено е дека не боледува од рак.

Парагвајскиот претседател Фернандо Луго, во 2010 г. се разболе од канцер на лимфните јазли. После третманите со хемотерапија на добар пат е да закрепне и да се опорави.

Со рак долги години се бори поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, кој во борбата за човекови права едно време беше и во затвор. Последната операција ја имаше во август оваа година.

Последниот заболен лидер е колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, кој неодамна на прес конференција во претседателската палата изјави дека шансите за оздравување му се 97%. Сантос рече дека ракот бил откриен во рана фаза и дека многу скоро ќе биде подложен на операција.

Венецуелскиот претседател Уго Чавез во тек на рехабилитацијата соопшти интересен заклучок дека САД има развиено тајна технологија со чија примена доаѓа до заболување од канцер, и додал дека заболувањето на јужноамериканските лидери „тешко се објаснува со законот на веројатност“.

На ова портпаролот на американското министерство за надворешни работи, Викторија Нуланд, рече дека таквите изјави се „одвратни“ и „застрашувачки“.

Би можело да ве интересира

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски

„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Во Кина откриен нов опасен вирус, досега се пријавени 35 заболени

Катерина Ѓуровски

Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска

Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба

А1он