Во Кина откриен нов опасен вирус, досега се пријавени 35 заболени

Од:

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска провинција Шандонг и централната кинеска провинција Хенан, а досега има заразено 35 лица во двете провинции.

Нов тип на хенипавирус е пронајден во примероци од брис од грло од фебрилни пациенти во источна Кина со историја на неодамнешен контакт со животни, пишува „Глобал Тајмс“.

Научниците вклучени во студијата забележаа дека овој новооткриен хенипавирус, кој можеби потекнува од животни, е поврзан со некои фебрилни случаи, при што заразените луѓе доживуваат симптоми како треска, замор, кашлица, анорексија, мијалгија (мускулна болка) и гадење.

Понатамошната истрага покажала дека 26 од 35 случаи на инфекција со Лангија хенипавирусот во провинциите Шандонг и Хенан ги развиле сите тие наведени клинички симптоми.

Вирусот Хендра (HeV) и вирусот Нипа (NiV) од овој род се познати по тоа што можат да ги инфицираат луѓето преку лилјаци, кои се природни домаќини на двата вируса.

Хенипавирусот може да предизвика тешки болести кај животните и луѓето и се класифицирани како вируси на ниво 4 на биолошка безбедност со стапка на смртност помеѓу 40-75 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО), истакнувајќи дека тоа е многу повисока од стапката на смртност на коронавирус.

Сепак, во моментов не постои вакцина против хенипавирус и единствениот третман е супортивна нега за справување со компликации.

Би можело да ве интересира

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски

„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска

Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба

А1он

Седум вируси кои се посмртоносни од коронавирусот

А1он