Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Од:

Во Општата болница во Пожаревац, регистриран е прв случај во Србија на зараза со вирусот Западен Нил, кој се пренесува од комарци на луѓе, кај жена (46) од местото Набрѓе крај Пожаревац,јави допсиникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Жената е во добра општа состојба и се чека потврда за присуство на вирусот и од вториот примерок земен од пациентката, соопштија на веб-страницата на градот Пожаревац.

Поради ова, а врз основа на информации за идентификација на присуство на вирусот кај комарците, Штабот за вонредни ситуации на Пожаревац донесе одлука за преземање мерки за сузбивање на комарците на територијата на тој град.

Инаку, вирусот Западен Нил во Србија е присутен од 2012 година и во 90 отсто од случаите поминува без симптоми или знаци на болеста, а е дијагностициран кај комарците во Белград, Пожаревац и Панчево.

Заразените комарци го пренесуваат вирусот само на своето потомство и на луѓето, а преносот на вирусот меѓу две лица не е возможен преку контакт.

Институтот „Батут“ од Белград им препорача на граѓаните да користат спрејови против комарци на отворените делови од телото кога се на отворено, да носат светла, удобна облека со долги ракави и панталони и да избегнуваат да бидат на отворено во периодот на најинтензивна активност против комарците на самрак и наутро.

Исто така, се препорачува употреба на заштитни мрежи против комарци на прозорците, вратите и околу креветот, доколку е можно, престој во климатизирани простории, избегнување области со голем број на инсекти, како што се шуми и мочуришта.

Исто така, барем еднаш неделно треба да се испразни водата од саксии, садови за храна и вода за домашни миленици, од канти, буриња и лименки и да се отстрануваат фрлените гуми и други предмети што можат да собираат вода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Договорот на Србија со Русија е изненадувачки и чекор во погрешна насока

А1он

Европскиот парламент ќе побара од ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Србија додека не воведе санкции кон Русија

Катерина Павлова-Николовска

Интервјуто со сериски силувач го потресе Балканот: „Ако видам страв, одам до крај“

А1он

Протест пред српскиот медиум „Информер“ поради интервју со повеќекратен силувач: Срам да ви е, монструми

А1он

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Српска вицепремиерка: На Србија местото и е во ЕУ, затоа насока кон Запад, сè друго е наметната дилема

Ана Ололовска