Лула да Силва: 300 илјади мртви од коронавирус е најголемиот геноцид во историјата на Бразил

Од:

Повеќе од 300.000 смртни случаи од коронавирус во Бразил претставуваат „најголем геноцид“ во историјата на оваа земја во Јужна Америка. Ова го изјави поранешниот бразилски претседател Лула да Силва, кој го напаѓа сегашниот лидер Жаир Болсонаро.

– Во вторникот, 3.158 луѓе починаа од Ковид-19 во Бразил. Ова е најголемиот геноцид во нашата историја, изјави Лула за германски „Шпигел“, додавајќи дека Болсонаро го лаже бразилскиот народ за пандемијата.

– Ние мора да го спасиме Бразил од Ковид-19, додаде поранешниот претседател и истакна дека „Бразил нема да преживее ако овој човек продолжи да владее на овој начин“.

Лула го повика Болсонара да им се извини на роднините на жртвите.

Повеќе од 12 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во Бразил.

Лула (75) го водеше Бразил за време на економскиот бум од 2003 до 2010 година пред да биде осуден на 26 години затвор за корупција во 2017 година. Казната беше поништена претходно овој месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск