Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

Од:

69-годишна жена од Формоза, Бразил, која сака да остане анонимна, стана жртва на измамник кој ја убедил дека е Илон Маск, мислејќи дека се во врска, таа му испратила пари и останала без 25.000 евра.

Жената подигнала два кредити за да може да му испрати пари на „Илон Маск“ откако „се запознале“ на социјалните мрежи и почнале да разменуваат љубовни пораки, а бразилските медиуми ја објавиле содржината на нивната преписка.

Жената го зачувала неговиот број под името „Мојата љубов Маск“, а измамникот и напишал љубовни пораки како: „Те сакам затоа што си мојата највистинска љубов, најдобар пријател и најлојален придружник. Без тебе мојот живот е само океан од прашина. Секое утро од мојот живот ми дава нова причина да те сакам и ценам за се што си ми дала. Ти си клучот за моето срце!“

Во еден момент дури планирала да го продаде својот дом вреден 500.000 бразилски реали (83.000 евра) за да му испрати повеќе пари. Измамникот и ветил дека ќе и испрати цвеќе и накит, но неговите подароци никогаш не стигнале. Меѓутоа, тој потоа побарал од неа да му испрати пари за – гориво за неговиот авион.

Нејзиниот син го пријавил случајот во локалната полиција, која тврди дека измамникот испратил слични пораки до други жртви во регионот. Полицијата откри дека банкарските сметки на измамникот биле дел од криминална организација чија цел била други ранливи лица во земјата.

Претходно 52-годишна Французинка наседна на приказнатата на измамникот кој се претставуваше како Бред Пит и и испраќал фотографии направени со вештачка интелигенција, тврдејќи дека умира од рак и дека банкарските сметки му биле блокирани по разводот со Анџелина Џоли. Му испрати вкупно 830.000 евра.

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа