Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Од:

Бразилскиот пејач Џејмерсон Јувенал, попознат по неговото уметничко име Рафа Диниз, се удави во реката Сао Франциско во источен Бразил.

Трагедијата се случи на 21 март Диниз го снимаше својот нов спот, а како што изјави неговиот продуцент Џони Силва, пејачот скокнал во реката за потребите на спотот.

Меѓутоа, кога се обидел да исплива надвор, го фатила силна струја.

“Сакаше да се фати за столбот и го фати струја. Сфативме дека не може да излезе и струјата го понесе. Бевме горе на мостот и истрчавме да се обидеме да го спасиме, но залудно, водата го однесе. Само спасувачите успеаја да го пронајдат неговото тело”, рече продуцентот.

Рафа Диниз даде значаен придонес во жанрот бразилски Arrocha, објавувајќи седум албуми, со популарни песни како „E Agora Sonho Meu“ (2025), „Aliança“ (2025), „Plantão no Boteco“ (2024) и „Mulher Segura“ (2023).

Неговата ненадејна смрт ги шокираше неговите обожаватели, но и пошироката музичка заедница.

Роден на 18 јуни 2002 година, Рафа не беше посветен само на својата музика, туку и на своето семејство.

Зад себе ја остави сопругата Рафаела Каролина и двете мали ќерки Марија Сесилија Соуса и Марија Валентина Соуса.

Додека семејството, пријателите и обожавателите тагуваат, полицијата започна истрага за да ги утврди околностите на неговата смрт.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ