Над 300 припадници на Боко Харам се убиени од нигериската армија во операции за враќање контрола врз 11 градови и села извршени од почетокот на неделата.
Дел од оружјето на бунтовниците е конфискувано, а дел уништено.
Во операцијата во североисточната држава Борно нигериската армија имала две жртви и десетина ранети.
Лидерот на Боко Харам Абубакар Шекау се закани вчера дека ќе го осуетат одржувањето на изборите за претседател во Нигерија закажани за 28 март.