Невакциниран маж од Тексас почина откако се зарази со омикрон, со што стана првиот човек што почина од варијантата Ковид-19 во САД.
Одделот за здравство во округот Харис во Тексас соопшти дека мажот, за кој се верува дека има 50-тина години, не бил вакциниран и имал хронично заболување кое го направило особено ранлив.
Омикрон сега е доминантна варијанта во САД, велат претставници на американскиот Центар за контрола и превенција од ширење на инфекции.
Државните и окружните власти ги обновија повиците луѓето целосно да се вакцинираат и да земат дополнителна доза како најдобра заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт, вклучително и заштита од новиот сој омикрон.