НАСА најави големо научно откритие на Марс

Од:

НАСА за понеделник закажа конференција за медиумите на која ќе го открие „одговорот за голема мистерија на Марс“.

На новинарите им е ветено „големо научно откритите“, а многумина уште сега претпоставуваат дека американската вселенска агенција има пронајдено траги на вода или живот на Црвената планета.

Во нагаѓањата кои ги покрена оваа најава, се најде и името на студентот Лујендра Ојха, кому му се препишува заслугата за “случајно“ откривање на првиот голем доказ дека постела вода на Марс, по проучувањето на површината на планетата, уште во 2011 година. Ојха во тек на испитувањето на фотографии од Марс, ги отстрани сенките и светлосните ефекти од нив, само за да открие темни облици кои се менуваат со текот на времето.

Тој ова откритие го нарече „случајно“ истакнувајќи дека првично немал идеја што би претставувале тие облици на површината на Марс. Од тогаш, сите години ги посвети во убедување и докажување дека се работи за траги од вода што тече и се движи.

Доколку научниците на НАСА навистина имаат пронајдено вода на Марс, импликациите би биле огромни, со оглед дека тоа би упатувало на фактот дека постоел живот на планетата или пак дека може допрва да се создаде.

Сепак, во понеделеник ќе биде појасно за какво откритие станува збор.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“