НАСА го предвидува крајот на светот

Од:

Научници на НАСА, веќе половина век следат еден астероид „1950 ДА“ и според неговото патување тие сметааат дека на 16-ти март 2880. година, тој ќе се судри со нашата планета.

Се проценува дека неговиот пречник е околу 1.000 метри и дека кон Земјата патува со брзина од 15 километри на час.

Според пресметките на НАСА, астероидот најверојатно ќе падне во Атлантскиот океан, со брзина од 62.000 километри на час, а ударот ќе биде со сила од 44.800 мегатони ТНТ.

И покрај тоа што можноста од ударот е само 0,3 проценти, сепак претставува ризик кој што е за 50 пати поголем од ударот на сите останати астероиди.

Астероидот „1950 ДА“ е откриен на 23-ти февруари 1950 година, и тогаш бил видлив само 17 дена, по што исченал, се до 31-ви декември 2000. година кога научниците повторно го забележале.

Тие сметаат дека нема место за паника, поради тоа што на време е откриен и дека до тогаш ќе ги совладаат сите методи за пренасочување на астероидот.

Во моментов има околу 1.400 астероиди кои би можеле да и се приближат на Земјата. Некои од нив достигнуваат големина и од 140 метри, а ќе поминат на одалеченост од 7,5 милиони километри од нас.

НАСА ги следи сите и го предвидува нивниот пат, така што според неа нема место за страв дека некој од нив ќе залута и ќе удри на површината на Земјата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски