Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Од:

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА можеби ги открил првите докази за знаци на живот на далечна планета. Телескопот потенцијално открил молекула наречена диметил сулфид (DMS), која, барем на Земјата, ја произведуваат живи организми.

Истражувачите нагласуваат дека сè уште немаат цврсти докази дека ова е навистина детекција на DMS на планета оддалечена 120 светлосни години и дека се потребни повеќе податоци за да се потврди нејзиното присуство. Истражувачите откриле и метан и CO2 во атмосферата на планетата, што би можело да значи дека планетата наречена K2-18b има воден океан.

Професорот Нику Мадхусудан од Универзитетот во Кембриџ, кој го водел истражувањето, за Би-Би-Си изјави дека целиот негов тим бил „шокиран“ кога ги видел резултатите. „На Земјата, ДМС се произведува само од животот. Поголемиот дел од него во атмосферата на Земјата се испушта од фитопланктонот во морската средина“, рече тој.

Мадхусудан додаде дека откривањето на ДМС засега е сè уште пробно и дека ќе бидат потребни повеќе податоци за да се потврди неговото присуство. Овие резултати се очекуваат за една година. „Доколку тоа се потврди, тоа би било огромна работа и чувствувам одговорност, доколку имаме толку големо тврдење, да ги презентираме точните резултати“, рече тој.

Ова е првпат астрономите да детектираат можно присуство на DMS на планета која орбитира околу далечна ѕвезда. Но, тие пристапуваат кон резултатите со претпазливост, истакнувајќи дека тврдењето направено во 2020 година за присуство на друга молекула, наречена фосфин, која би можела да ја произведуваат живите организми во облаците на Венера, беше оспорена една година подоцна.

Сепак, д-р Роберт Маси, кој е независен од истражувањето и заменик-директор на Кралското астрономско друштво во Лондон, рече дека е возбуден од овие резултати. „Полека се движиме кон точката каде што ќе можеме да одговориме на големото прашање дали сме сами во универзумот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега

Џејмс Веб објави фасцинантна слика од најблиското место каде се раѓаат ѕвездите

Горан Наумовски