Џејмс Веб објави фасцинантна слика од најблиското место каде се раѓаат ѕвездите

Од:

Американската вселенска агенција НАСА оваа недела објави слика од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на која е прикажан меѓуѕвездениот облак комплекс Rho Ophiuchi, најблискиот регион за формирање ѕвезди до Земјата, одбележувајќи една година откако агенцијата ги претстави првите резултати на телескопот.

Телескопот Веб, кој беше лансиран во 2021 година и почна да собира податоци минатата година, го преобликува човечкото разбирање за раниот универзум, притоа произведувајќи неверојатни слики од космосот.

Сликата на Rho Ophiuchi е најдобриот таков пример, покажувајќи ја маглината, огромен облак од меѓуѕвезден гас и прашина каде што се формираат нови ѕвезди, во нашата галаксија Млечен Пат, на околу 390 светлосни години од Земјата. Светлосна година е растојанието што светлината го минува за една година, што е 9,5 милијарди километри.

Rho Ophiuchi е стар само милион години, што е трепнување на окото во космичкото време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега