Најбогатите земји во светот се договорија да им отпишат дел од долговите на најсиромашните

Од:

Земјите од групата 20 најразвиени економии во светот за првпат постигнаа договор за заедничка рамка за преструктуирање на државните долгови, проценувајќи дека кризата со коронавирусот им отежнува на некои сиромашни земји да ги подмират своите обврски и дека им треба помош.

Бидејќи финансиите на некои земји во развој се многу напнати поради пандемијата, министрите за финансии на Г-20 денеска објавија дека им треба повеќе помош од сегашното привремено замрзнување на долгот, кое ќе биде продолжено до 30 јуни 2021 година.

Големите доверители, вклучително и Кина, се очекува да ги следат заедничките упатства договорени во рамките на Г20, кои утврдуваат начини за намалување или презакажување на долгот што се смета за неодржлив.

Невладините организации проценија дека договорот требаше да отиде чекор понатаму со вклучување на земји со среден приход и обврска на приватните инвеститори да прифаќаат отписи.

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, го поздрави договорот, нагласувајќи дека усвоената заедничка рамка на Г20 за долг е „многу важен чекор“ кон подобрување на меѓународната структура на долг.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он