На африканските слонови им се заканува истребување

Од:

Ал Џезира – Доха

Африканските слонови би можеле да бидат истребени во дивината за неколку децении, предупредија експерти на големиот самит за конзервација во Боцвана, кој укажа на алармантниот пад на бројот поради забранет лов.

Самитот за африканскиот слон е одржан во туристичкото одморалиште во Касана и собра делегати од 20 држави ширум Европа, Африка и Азија, вклучувајќи ја и Кина, која ја обвинуваат дека поттикнува илегална трговија со ловокрадците.
– Овој вид може да биде истребен во нашиот животен век ако се продолжи моменталниот тренд… за 10 или 20 години. За пет години можеби веќе ќе ја изгубиме шансата да го спасиме ова прекрасно животно – рече Дуне Ивес, виша истражувачка при филантропската организација Вулкан.

На конференцијата се изнесени најновите податоци за бројот на слоновите од Меѓународната унија за зачувување на природата, која извести дека популацијата на африканскиот слон паднала од 550.000 колку што биле во 2006, на 470.000 во 2013 година.

Најголем пад се случил во источна Африка, каде бројот на слоновите од 150.000 се намалил на околу 100.000.

– Основната цел на оваа конференција е да се обезбеди ветување на најголемо политичко ниво дека ефикасно ќе се заштитат слоновите и значително ќе се намали трендот на убивање на слоновите. Моменталната стапка на убивање е неодржлива и популацијата на африканскиот слон е во опасност – рече Елиас Магоси од Министерството за околина во Боцвана.

Ловот на слоновите често го организираат меѓународни криминални мрежи со цел за набавка на илегалниот пазар на слонова коска, повеќето во Азија, а се смета дека со еден дел од заработката се финансираат регионалните конфликти и вооружените групи.

– Овие криминални мрежи ги искористуваат конфликтите, општествените немири, лошото управување – рече Магоси.

Патиштата на трговија со слонова коска

TRAFFIC, група која се занимава со трговија на диви животни вели дека патиштата на трговијата со слонова коска покажале доток од Кенија и Танзанија до транзитни земји вклучувајќи ги Малезија, Виетнам и Филипини, пред да стигне на крајните пазари во Кина и Тајланд.

– Тајланд е држава која се уште ни е многу важна, но Кина е најважна држава во светот со која се занимаваме во поглед на илегалната трговија со слонова коска – рече Том Миликен од TRAFFIC.

Конференцијата е продолжеток на состанокот од 2013 година кога 30 држави усвоија пакет итни мерки, вклучувајќи и повик на обединување против илегалниот лов и за брзо кривично гонење.

Слоновата коска наводно од ловокрадците се купува за 90 долари по килограм, а се продава за 4.200 долари во Кина.

Јулијан Бланк, експерт за слонови за Конвенцијата на меѓународната трговија на загрозени видови CITES, рече дека врската меѓу сиромаштијата во Африка и илегалниот лов истакнала еден начин на борба против илегалното убивање на слоновите.

– Ние ја следевме директната врска меѓу смртноста на бебињата (показател на сиромаштијата) на окружно ниво и новото на илегалниот лов. На места на кои нивото на смртноста на бебињата е високо, согледавме најголемо ниво на илегален лов на слонови, па решавањето на проблемот на сиромаштијата е значајна компонента за спас на слоновите – предупреди Бланк. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on