Милитантите на Боко Харам преоблечени во имами убиле 24 лица во село во Нигерија

Од:

Исламските милитанти од Боко Харам преоблечени во имами убиле 24 лица и раниле уште неколку други во напад во близина на џамија во североисточната нигериска држава Борно, соопштија денеска воени извори и сведоци.

Како што пренесува агенцијата ФЕНА, напаѓачите вчеравечер со автомобили се довезле во оддалеченото село Књајафа и во локалната џамија го собрале локалноот население, претварајќи се дека се проповедници на исламот.

-Потоа, одеднаш тие отворија оган врз нив, соопшти сведокот Симеон Буба.

Шестгодишниот бунт на оваа милитантна група и неуспехот на претседателот Гудлак Џонатан да го спречи и да ги заштити цивилите се меѓу факторите кои доведоа до победата на опозицискиот кандидат Мухамад Бухари на минатонеделните избори.

Групата која се бори за исламска држава досега има убиено повеќе илјади лица и има грабнато стотици други, иако воената операција против нив, што ја водат Нигерија и соседите Чад, Камерун и Нигер, им нанесе жестоки удари на овие милитанти.

– Луѓето не знаеле дека членови на Боко Харам се дојдени во селото за да ги нападнат бидејќи претходно ги излажале дека се дојдени да проповедаат. Отвориле оган врз нив и притоа убиле многу луѓе, изјави Буба телефонски, додавајќи дека милитантите запалиле и многу куќи.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска